Со помош на нано-технологијата неколку канадски физичари ја направија најмалата книга во светот од која сериозно можат да ве заболат очите. Нејзината гoлемина е 0.07 – 0.10 mm.
Со помош на нано-технологијата неколку канадски физичари ја направија најмалата книга во светот од која сериозно можат да ве заболат очите. Нејзината гoлемина е 0.07 – 0.10 mm.
Двете досегашни најмали книги според Гинисовата книга на рекорди се Новиот завет (5mm, направена во 2001год.) и Камелеон од Чехов со големина од 0.9mm, направена во 2002 год.
Научниците соработувале со уметникот Роберт Чаплин во креирањето на оваа микроскопска книгичка со наслов – Teeny Ted from Turnip Town. Направена е со ласерско гравирање врз 30 парчиња силиконски кристал и со букви со големина од 40 нанометри. Книгата има дури и сопствен ISBN и може да се купи за околу 20.000 американски долари, во што не е вклучена цената на електронскиот микроскоп неопходен за да се прочита.