Најголемите компјутерски митови

adviceДали магнетите ги уништуваат податоците? Дали честото исклучување на компјутерот го скратува работниот век на компонентите? Во текстот што следи, екипата на 365.com.mk ги разоткрива лошите совети кои го трошат вашето време и пари.

 

Магнетите ги уништуваат податоците

magnetЗа старите дискети, ова е навистина точно. Поставивме магнет на 3.5 инчна дискета на неколку секунди. Магнетот се закачи на дискетата и податоците ги снема. За среќа, модерните уреди за складирање на податоци, како на пример SD картичките или пак CompactFlash меморијата, се имуни на магнетните полиња. Кратко кажано, во flash меморијата нема ништо магнетно, па магнетот нема да има ама баш никакво влијание. Истото важи и за хард дисковите. Единствените магнети доволно моќни да избришат податоци од хард дискот се оние магнети кои ги користат во владините тајни служби. Во реалниот свет, луѓето не ги губат своите податоци од магнети.

Дали сакате навистина да избришете нешто од вашиот хард диск или мемориска картичка? Наједноставниот начин е да ги пребришете податоците со други податоци.

Користењето на мобилен телефон во авион смета на навигациските апарати

mobilet“Никогаш не сум имал проблеми со системот за навигација кој што би можел да се поврзе со користењето на мобилен телефон“ – вели еден пилот-ветеран.
Има ли научен доказ дека мобилните телефони можат да урнат авион?
Па, до некаде. Во 2003, во Англија е изведено истражување во кое се симулирале сигналите на мобилен телефон во симулирана авионска кабина. Во некои од случаите, компасот престанал да работи, некои инструменти покажувале погрешни вредности, а комуникацијата била отежната поради аудио пречките предизвикани од мобилните телефони. Додека новите тестирања не покажат поинаку, сепак е побезбедно да не ги користиме мобилните телефони во авионите, нели?


Ако не “сопрете“ USB уред пред да го извадите од компјутерот, може да дојде до оштетување

usbstopАко извадите USB уред од компјутерот пред да го “сопрете” (во Windows XP ова се постигнува со кликање на Remove Hardware иконата на таскбарот), вашиот компјутер испушта bing-bong звук и ви покажува порака дека тоа што го направивте во моментот може да избрише податоци од USB меморијата или пак да оштети некој уред.
Ако не почекате некој уред да престане со запишувањето на податоци (обично на USB меморијата има сијаличка, која при запишување светка) многу е голема веројатноста дека ќе настане корупција на податоците (но уредот нема да биде оштетен). Но, ако почекате, тешко дека ќе настане било каква компликација.

 

Јапонската верзија на Windows XP користи хаику пораки за грешки

haiku12Има легенда која што вели дека Јапонската верзија на Windows XP користи хаику пораки за грешки, како на пример оваа:

Yesterday it worked.

Today it is not working.

Windows is like that.

или пак како што вели самопрогласениот основоположник на Охридската Хаику Поезија:

Слабо врвит интернетот,
ми велит сајт нот фаунд
требат рестарт.

Вистината е дека Јапонската верзија на Windows XP ги користи истите пораки за грешки како и секоја друга верзија, со единствена разлика што се на Јапонски.

Лоши работи се случуваат ако го изгасите вашиот компјутер пред да направите “Shut down“ на Windows-от

shutdownМожеби ова било точно пред подолго време, но во денешно време не би се сложиле. По 30 исклучувања на компјутерот без да биде сопрен Windows-от, со оставени отворени датотеки во Word, Excel, Outlook и со вклучена интернет конекција, не се појави ниту еден проблем.

 

Хакерите можат да ги уништат податоците на вашиот компјутер

hackersДа, точно е, хакерите можат да ги уништат податоците на вашиот компјутер, но вистината е дека тоа е многу ретка појава, дури и воопшто ја нема. Денешните хакери сакаат да ги преземаат системите, а не да ги уништат. Наместо да ги избришат податоците, вирусите сакаат вашиот компјутер да испраќа spam пораки или да напаѓа web сајтови. Со еден збор, новите хакери сакаат да профитираат од вашиот компјутер, а тоа не можат да го направат ако го уништат. Како и биолошките вируси, ако вирусот го уништи својот домаќин, нема да може да преживее и нема да може да се рашири понатаму.

 

Честото исклучување на вашиот компјутер го скратува работниот век на компонентите

pcshtОколу ова прашање се водат многу дебати. Една страна вели дека вклучувањето и исклучувањето на компјутерот ги потресува компонентите.  Други пак тврдат дека е добра работа.
Нема дефинитивен одговор. Но сепак, точниот одговор како да влече накај тоа дека исклучувањето на вашиот компјутер кога не ви е потребен има своја добра страна – плус заштедува и енергија.

 

Ако не користите антистатичка заштита додека имате допир со електронски компоненти, ќе ги оштетите

gloveasВо секое упатство на електронските компоненти, а посебно на компјутерските делови(хард диск, графичка картичка) ќе забележите дека се повторува истото – користете антистатичка заштита.

“Никогаш не сум користел антистатичка заштита и никогаш не сум оштетил некоја компонента“ – вели искусен електроничар.

“Ме удирале електрични шокови при допир со хард дискови, но никогаш хард дискот не бил оштетен“.

При работа со електронски компоненти, држете ги уредите за нивните рабови, а не за водовите или пак за деловите и се ќе биде во ред. Ние, луѓето, не можеме да детектираме статичен електрицитет помал од 3000 волти (за ваша информација, убиваат АМПЕРИТЕ, а не волтите). Сензитивни компоненти како на пример процесорот на компјутерот може да биде комплетно уништен со неколку стотици волти. За да бидете сигурни, пред да чепкате во куќиштето на компјутерот, фатете се за метална површина која е заземјена. Не постои премногу претпазливост кога се во прашање електронските компоненти.

И немојте да речете дека не сме ви кажале.

- Реклама -