Најевтиниот седан на Honda ќе чини под 7 000 евра

Honda лансира нов седан со ниска цена – под 7.000 евра. Моделот го носи името Amaze и во оваа фаза е наменет исклучиво за пазарот на Индија.

Впрочем Amaze не е целосно нов модел, бидејќи во случајот станува збор за модификација врз познатиот хечбек Brio, што се произведува веќе две години во Индија и Тајланд, кој сега е претворен во седан. Brio, според димензиите е сличен на Jazz, се продава во речиси сите земји во Источна Азија и се очекува истото да се случи и со Amaze.

573_Honda-Amaze-470-2

Од Honda најавија дека седанот ќе биде достапен во 6 различни комбинации на опрема. Моторите сепак се само два – бензински и дизел. Бензинскиот е истиот кој доаѓа со Brio – 1.2 литри и моќност од 90 КЅ. Дизелот e нов, со зафатнина од 1,5 литри, а се очекува потрошувачката да биде под 4 l/100 km.

345_Honda-Amaze-470-3

Најевтинaта верзија ќе чини 6.870 евра, а најскапата – 10.655 евра. Слични се цените и на Brio. Она што е интересно е дека Honda подготвува „евтин седан“ и за некои пазари од Европа (нешто налик на Skoda Rapid, Peugeot 301, Citroen Elysee…), но засега нема конкретни информации.

Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус.

- Реклама -