Најевтината диета со зелка

Зелката е богата со растителни влакна, поради кои маснотиите брзо се топат, па со тоа и губењето на килограмите е полесно.

Диетата со зелка се базира на чорба од зелка, која може да ја јадете во неограничени количини кога сте гладни.

cabbage-soup-vertВо чорбата, освен зелка, има многу нискокалоричен зеленчук што лесно ќе ве засити. Поради големата количина на растителни влакна просецот на слабеење е побрз. Во текот на оваа диета алкохолот е најстрого забранет. Смеете да пиете вода, чаj без шеќер, црно кафе, овошни сокови без шеќер и немасно млеко. Кога ќе почувствувате потреба за благо, слободно земете лажичка мед.

Ако строго се придржувате до диетата за една недела ќе изгубите од два до четири килограми. Диетата може да ја држите четири недели, а потоа да направите пауза од седум дена. Во текот на пазуата не смеете да се прејадувате. Последниот оброк треба да го изедете најдоцна до 18 часот. Ако имате дијабетес или висок крвен притисок, консултирајте се со лекар пред да ја почнете диетата.

Направете чорба од зелка

Потребни ви се една средна зелка, пет големи главици кромид, две пиперки, помал корен целер со лист, два домати, коцка пилешка супа, сол и околу половина литар вода. Зеленчукот ситно исецкајте го, ставете го во тенџере, зачинете, додадете ја водата, поклопете и гответе 45 минути. На крајот на готвењето, ако вкусот не ви се допаѓа, може да додадете сол или сув зачин или малку лути пиперчиња.

Неделен план на исхрана

Прв ден

Неограничени количини чорба од зелка. Сите видови овошје освен банана, чај без шеќер, свежо цедени сокови и вода.

Втор ден

Неограничени количини чорба од зелка. Свеж или варен зеленчук, сѐ освен боранија, грашок и пченка. За вечера изедете голем печен компир со путер, овошјето е забрането.

Трет ден

Неограничени количини чорба од зелка. Било кое овошје и зеленчук. Свежо или готвено.

Четврти ден

Неограничени количини чорба од зелка. Три банани и неограничени количини немасно млеко или јогурт.

Петти ден

Неограничени количини чорба од зелка. Домати, најмногу шест со средна големина. Во текот на денот испијте најмалку осум чаши вода за организмот да се ослободи од токсините.

Шести ден

Неограничени количини чорба од зелка. Половина килограм варено или печено говедско месо, пилешко без кожа или риба и неограничени количини на зелен зеленчук.

Седми ден

Неограничени количини чорба од зелка. Интегрален ориз, овошни сокови без шеќер, вода.

- Реклама -