Најбрзото и најскапото од Словенија (видео)

Првиот словенечки суперавтомобил може да ги фрли на колена и своите конкуренти од северот на Италија.

Tushek Renovatio T500 располага со централно поставен 4,2 литарски V8 мотор од Audi RS4 со 450 KС, кој преку шестстепен мануелен менувач го лансира 1.133 килограми тешкиот автомобил до 100 km/h за само 3,7, а до 200 km/h за 11,5 секунди и дотерува до максимални 310 km/h.

{youtube}D_EDeT7DcW8{/youtube}

Компанијата основана од словенечкиот тркач Аљоша Тушек планира (рачно) да произведе само 30 примероци од него, индивидуално прилагодени кон барањата на секој купувач, по цена од 300.000 евра.

Објавено во соработка со Авто Плус.

- Реклама -