Познатиот Bugatti неодамна ја претстави новата верзија на најдобриот, најбрзиот и најскапиот автомобил на светот – Bugatti Veyron 16.4 Super Sport. Автомобилот има 16 цилиндри, како и обичната верзија, но со дополнителна моќност, односно 200 коњски сили повеќе.

Така, под хаубата овој автомобил има неверојатни 1.200 коњи. Заради тоа е унапредена и аеродинамиката, која овозможува подобра стабилност додека возите со брзина поголема од 400km/час. Најголемата брзина што може да ја постигне е 430km/час, што е апсолутен рекорд. Bugatti најави дека ќе направи само 30 примероци од овој автомобил.