Изгледа дека ноќната мора на „конектираните“ – празната батерија, наскоро ќе замине во минатото.
Јапонската компанија Kyocera разви прототип на смартфон кој не бара класично полнење на батеријата. Овој уред е во состојба да се „храни“ со енергија од сончевата светлина.
Прототипот всушност е добиен со модификација на еден од постоечките модели на смартфони, преку вградување на фотосензитивен слој под заштитното стакло на телефонот. Таквата фолија ги апсорбира светлосните зраци кои паѓаат на површината на екранот, и ги претвора во електрична енергија која директно се складира во батеријата. Од компанијата велат дека фотосензитивниот слој впива и до 90% од сончевите зраци со кои ќе дојде во контакт.