Музика од Кока Кола шише

Креативните луѓе од „GAE“ презентираа предлог како да се претворат празните пластични Кока Кола шишиња во музички инструменти.

Главна карактеристика на овој предложен дизајн е уникатното капаче кое наликува на свирче. Другиот долен сегмент е задолжен за креирање дупки во шишето.

Кога шишето ќе биде подготвено, со одлепување на етикетата на Кока Кола, на задната страна се наоѓа едноставна песна испринтана за да почнете да свирите и да се забавувате. Целата идеја е ова да најде примена во земјите во развој, каде децата би можеле да добијат ново хоби во музиката. Овој дизајн има голем потенцијал.

1 2 3 psdmaking music 5 6

- Реклама -