Мултитаскирањето може да ве направи дебели

мултитаскингИзвршувањето премногу неповрзани задачи истовремено би можело да ја саботира самоконтролата во други области во животот. Како последица, би можело да биде потешко да го контролирате вашиот темперамент, да оддолеете на храна, или да се придржувате до вежбањето.

Ова би можело да биде последица на ментална преоптовареност, предизвикана од заморот на мозокот предизвикан од претерано мултитаскирање дома или на работа. Честото менување на фокусот помеѓу различни задачи ја заморуваат „извршната функција“ на мозокот. Истражувачите, тим составен од маркетинг професори од Goizueta Business School и други универзитети, заклучил дека нашите мозоци се дизајнирани само за ограничен број на промени во фокусот пред да бидат исцрпени интелектуалните ресурси потребни за самоконтрола.

Студијата опфатила пет експерименти со околу 300 учесници од кои било побарано извршување различни задачи, користејќи различни методи, додека била мерена нивната самоконтрола. Во еден експеримент од доброволците било побарано размислуваат абстрактно за една тема, да размислуваат за конкретни технички термини на друга тема, или комбинација од двете.

По тестот на доброволците им биле понуден горчлив пијалок за кој им било кажано дека е корисен за здравјето. Оние кои менувале помеѓу конкретни и абстрактни мисли испиле една третина од количината која ја испиле оние кои биле фокусирани на само една задача, што покажува помалку самоконтрола во поглед на здрава исхрана. Ова откритие би можело да важи и за диетите, за кои е потребна секојдневна самоконтрола.

Прочитајте и:  Лекар предупредува на два суплементи кои можат да предизвикаат воспаление и отекување на белите дробови

Во друг експеримент од група билингвални волонтери било побарано да одговараат на прашања на еден јазик или да менуваат помеѓу два јазици. Од учесниците потоа било побарано да извршат физичка активност – држење рачка што е можно подолго. Оние кои одговарале на само еден јазик издржале двојно подолго, што води кон заклучок дека тие имале повеќе самоконтрола бидејќи нивните мозоци не биле заморени од размислување на два јазици.

Во третиот експеримент бил игра во која од доброволците било побарано да оценуваат геометриски облици. Една група добивала поени за точни одговори, а друга група добивала казнени поени за сите грешки. Третата група постојано менувала помеѓу двете форми на оценување. По експериментот сите доброволци добиле математички проблем за кој немало решение. Доброволците кои биле оценувани со два методи, биле обесхрабрени и се откажале по само пет минути, додека останатите се обидувале во просек по десет минути.

„Мудро е да се фокусирате на само една задача, наместо да го менувате фокусот помеѓу повеќе активности“ вели Кејтлин Вос, еден од авторите на студијата. Причината за ова бидејќи фокусирањето ја зачувува „менталната енергија за потешките задачи“, како придржувањето до диети и редовното вежбање, и покрај многуте фрустрации, искушенија и пречки поради кои здравиот животен стил е толку тежок. [Multi-tasking can make you fat]

- Реклама -