Ова неверојатно видео е снимено близу Париз, на автодромот Линас кој поседува овална форма во должина од 2.5км и е направен во 1924 година, а вклучува кривини под агол од 51 степен, што е двојно повеќе од стандардите на NASCAR. Автодромот за кампањата на DC Shoes го избрал Кен Блок, чии возачки маневри до пред снимањето на ова видео биле непознати за пошироката јавност.

{youtube}4TshFWSsrn8{/youtube}
Гимкана е мотоспорт за кој е потребен паркинг, напуштен аеродром, пристаниште или стар автодром каде возачите треба вешто да ги маневрираат своите коли низ серија конуси, слаломи, вртења, осмици и стрмни кривини, при што користат екстремно забрзување, кочење и дрифтинг.
Како и кај автокросот, патеките за Гимкана се често комплексни, па помнењето на патеката е една од најзначајните работи за постигнување добро време и брзина.