Москва: Нема закана од директен конфликт, сметаме на здравиот разум на НАТО

Нема закана од директен конфликт меѓу Русија и НАТО, но  постојат ризици, изјави вчера заменик шефот на руската дипломатија – Александар Грушко.

За ТВ „Русија-24“, тој потенцираше дека Русија смета на здравиот разум на НАТО да избегне конфликт.

„Се разбира, постојат ризици. Нема гаранции дека некои инциденти нема да се случат“, рече Грушко, додавајќи дека Русија е загрижена за испораката на оружје на Алијансата за Украина, и дека „сето тоа е многу опасно“.

Извор: МИА

Прочитајте и:  Путин со обраќање до нацијата: Конфликтот доби глобален карактер
- Реклама -