Моделите на Range Rover ќе станат поагресивни

Британскиот производител Land Rover подготвува нови модификации на три свои модели. Најновите верзии ќе бидат со помоќни мотори, кои ќе нудат импресивни технички карактеристики. Тие ќе добијат додаток RS кон имињата.

Првиот од нив ќе се појави најдоцна до крајот на година, а тоа ќе биде модификација на Range Rover Evoque. По него ќе излезе Range Rover Sport RS, кој неодамна беше снимен за време на тестовите на патеката во Нирбургринг. Трета на пазарот ќе биде пуштена RS верзијата на Range Rover.

За создавање на новите модификации, инженерите на англискиот производител ќе се одлучи за проверен рецепт. Тие ќе ги користат најмоќните верзии на трите модели, чија моќ ќе биде зголемена со темелна интервенција во управувачкиот софтвер на електронските блокови. Промените ќе има исто така на суспензијата, сопирачките, како и некои елементи од ентериерот.

Во моментов V8 моторот при најмоќните Range Rover и Range Rover Sport развива 510 КЅ. Компанијата сепак располага со истата верзија на моторот, која нуди 540 КЅ и се вградува на спортски автомобили од марката Jaguar. Токму оваа модификација ќе се најде под капакот на Range Rover RS и Range Rover Sport RS.

Според инженерите, со новиот агрегат возилата ќе може да забрзуваат од 0 до 100 km/h за 4,5 секунди, додека сега Range Rover Sport го прави истото за 5,3 секунди. Што се однесува до верзијата Evoque RS, таа ќе се потпира на истиот 2,0-литарски турбо мотор, кој сега има 240 КЅ. По интервенцијата на експертите од компанијата, се очекува тој да развива 300 КЅ.

Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус

- Реклама -