Mинистерот за европски прашања Орхан Муртезани на прес-конференција во Владата одговарајќи на новинарско прашање дали ЕБОР и ЕУ се известени за пренамена на парите за пругата кон Бугарија, кажа дека од Владата се уште не добил барање за пренамена на парите за пругата кон Бугарија. Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, пак попладнево излезе со соопштение во кое нагласи дека земјава во однос на Коридор 8 е свесна за неговото геостратешкото значење и како држава реализирала бројни активности за регионално поврзување и завршување на оската Запад-Исток, но напомена дека со цел успешна реализација на ваквите проекти, особено значајно е да постои целосна подготвеност за соработка и од страна на Бугарија.
-Министерството за европски прашања само го координира целиот процес и ние може кон такво нешто да пристапиме само ако има такво барање од нас. Кога ќе стигне такво барање ќе видиме прво што би значело тоа во смисла на проектот, бидејќи како што знаете, во првата секција веќе не може да се интервенира. Таму не може да се стопираат работите. Ако е начелото да не инвестираме во проект што ќе заврши сред тунел во граница со Бугарија, тогаш таквиот пристап значи дека проектот ќе заврши на првата секција. Значи, пак завршува негде кај што не може да се користи, прво. И второ, треба да имаме предвид дека станува збор за коридор, Албанија до Бугарија. Колку што имам јас почетни информации, на албанската страна веќе се гради. Така што, ќе треба да го ви
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, пак попладнево излезе со соопштение во кое наведе дека Република Северна Македонија е силно посветена на остварување на поставените цели во рамките на НАТО и на создавање регионална инфраструктура, како дел од Европската мрежа на коридори, кои имаат за цел да го засилат економското влијание и да ја олеснат трговијата и транспортот во регионот. Во однос на железничкиот Коридор 8, додава МНР, Република Северна Македонија е свесна за геостратешкото значење на овој патен коридор и како земја реализира бројни активности за регионално поврзување и завршување на оската Запад-Исток.
-Земјаќи ја предвид геополитичката позиција на транспортните коридори 8 и 10, Република Северна Македонија ги презема сите неопходни активности за нивна доизградба и модернизација. Во делот на патната инфраструктура оваа година се завршува изградбата на експресниот пат од Куманово до Крива Паланка и преку завршената рехабилитација на патниот правец од Крива Паланка до границата со Бугарија, што претставува вкупна инвестиција од 105 милиони евра, со што ќе се создаде ново модерно патно решение, кое значително ќе влијае врз размената на добра и услуги, како и на зголемување на економската соработка меѓу двете земји, стои во соопштението на МНР.
Оттаму потсетуваат дека претходно целосно е рехабилитирана автопатската делница Скопје – Куманово и со овие инвестиции се намали времетратењето на патување на релација Скопје – Софија на помалку од 2 часа и 30 минути.
-Во однос на железничкиот Коридор 8, Северна Македонија е свесна за геостратешкото значење на овој патен коридор и како земја реализира бројни активности за регионално поврзување и завршување на оската Запад-Исток. Во тој контекст, нагласуваме дека во фаза на реализација е изградбата на пругата од Куманово до Бељаковце, што претставува инвестиција од 40 милиони евра. Воедно, истакнуваме дека во фаза на реализација е и изградбата на пругата од Бељаковце до Крива Паланка, што е инвестиција вредна 155 милиони евра. Дополнително, во фаза сме на тендерска постапка за избор на Изведувач за изградба на последната делница од Крива Паланка до граничен премин Деве Баир, пруга која завршува во претпоставен тунел, велат од Министерството.
Исто така, додаваат оттаму, Северна Македонија ги превзема и исполни сите обврски од Билатералниот договор од 1993 година за изградба на граничниот премин Берово – Клепало, како и инфраструктурата до граничниот премин.
-Имајќи го предвид горенаведеното, уште еднаш нагласуваме дека Северна Македонија ги презема сите неопходни активности за изградба на повеќе крупни регионално – инфраструктурни проекти кои се од споделено стратешко значење за земјава, регионот и Европската унија. Во таа смисла истакнуваме, дека со цел успешна реализација на ваквите проекти, особено значајно е да постои целосна подготвеност за соработка и од страна на Бугарија. Во оваа прилика, искрено очекуваме Бугарија да ги преземе сите неопходни активности во насока на унапредување на инфраструктурата на Коридор 8, како и да ги исполни обврските кои произлегуваат од Билатералниот договор од 1993 година за изградба на граничниот премин Берово – Клепало, нагласуваат од МНР.
Министерството оценува дека изградбата на патната и железничката инфраструтруктура во регионални рамки ќе биде успешно реализирана само ако сите земји долж Коридорот 8 континуирано преземаат заеднички активности за нивен развој и модернизација.
Премиерот Христијан Мицкоски во однос на намерата за пренамена на средствата од заемот од Европската банка за обнова и развој и од ЕИБ земен од претходната Влада, за изградба на пругата кон Бугарија, која завршува во тунел, очекува разбирање од кредиторите. Мицкоски смета дека Бугарија за внатрешно – политички потреби ја политизира најавата на Владата за пренамената на средствата за изградбата на пругатата кон Бугарија, а која се темели, вели, на чисто инженерски проблем, бидејќи од бугарска страна не постои јасен проект.
-Ние не зборуваме за каква било промена на интерес. Ние едноставно зборуваме како треба работите да бидат поставени на правилна патека. Вака како што се поставени би било лудо да се сложиме како Влада на проект кој завршува на пола тунел во слепа улица и да потрошиме половина милјарда евра народни пари, затоа што вредноста на проект е 560 милиони евра од тие 360 се кредит, а 200 милиони се грант. Станува збор во прва фаза 360 милиони се пари на македонските даночни обврзници и 200 милиони на европските даночни обврзници. Во тендерската документација стои дека принципот на изработка на проектот е по жолт фидик, а тоа значи дека сумата, буџетот кој е определен е буџет за реализација на овој проект и дека не се предвидува дополнителни пенали или дополнителни работи. Но тоа не е така бидејќи двете страни потоа во тендерската документацијата стои дека изведувачот има право на пенали и на дополнителни работи. Што значи дека е практично црвен фидик, па многу лесно проектот може да дојде до 750, 800 милиони евра. Ова го кажувам како инженер не како премиер, тоа ќе подразбира минимум 500 милиони евра пари од буџетот, од граѓаните и 200 милиони евра пари на европските даночни обврзници за 24 километри, 22 тунели кои што ќе завршат на пола тунел во слепа улица без да знаеме што ќе се случува од бугарска страна, бидејќи таму нема јасен проект дали тунелот ќе продолжи, изјави вчера Мицкоски.
Мануел Сарацин, специјалниот германски пратеник за Западен Балкан минатата недела во изјава за бугарски медиум искоментира дека европскиот транспортен Коридор 8 е од стратешко значење за регионот, но оти според него, новата влада во Скопје неделава покажала оти изгубила интерес за негово спроведување и дека наместо овој коридор, во Скопје се дало приоритет на Коридорот 10.