Мицкоски за референдумското прашање: Треба да го локализираме изворот на проблемите, а тоа е Договорот со Бугарија

Потребно е да се локализира изворот на проблемот што државата го има со Бугарија, а тоа е Договорот за добрососедство, потпишан во 2017 година, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Ние треба да го локализираме изворот на проблемот, а тоа е токму договорот потпишан со Република Бугарија, тој август месец 2017-тата година. Од тој договор практично потекнуваат сите проблеми, бидејќи ние и тогаш реагиравме како политичка партија и како луѓе дека е избрзан и дека тој договор практично не е решение“, изјави Мицкоски во гостување на централниот дневник на Сител телевизија.

Во однос на референдумот, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ информираше дека има можни три опции и во тек се консултации со коалициите.

„Една од опциите за референдум е со 44 пратеници од пратеничката група предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Втората опција е да се соберат 150.000 граѓански потписи или да се вклучат двете опции заедно. Ќе одиме на Седница на извршен комитет, повеќе време ќе се посвети во консултации со експерти околу дефинирање на референдумското прашање, а потоа ќе се одбере една опција“, додаде тој.

Прочитајте и:  Мицкоски: Етнички теми отвораат политичари кои немаат идеи

Вели дека ВМРО-ДПМНЕ нема да ја поддржи промената на Уставот, со цел вклучување на дел од бугарскиот народ во Преамбулата.

„И има поедини размислувања во јавноста околу тоа дали ќе има промена на Уставот или ќе нема, еве и Пендаровски тоа го констатира конечно тоа што јас го најавив, а тоа е дека во моментот под овие околности ВМРО-ДПМНЕ нема да даде поддршка на промена на Уставот, а со цел вклучување на дел од бугарскиот народ во Преамбулата“, заклучи Мицкоски.

Извор: МИА

- Реклама -