Мицкоски со мини-компилација: Еве како Заев лаже и го продава идентитетот (ВИДЕО)

Со мини-компилација од изјави на премиерот Зоран Заев, лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски, ги посочи, како што вели, неговите лаги околу продажбата на македонскиот идентитет.

„Заев го продава македонскиот идентитет! Погледнете како лаже прикривајќи ги поразите. Оставка на Заев, слобода на народот!“, порачува Мицкоски:

^ За делот од интервјуто посочен во видеото, повеќе прочитајте ТУКА)

Мицкоски посочи и дека иако „ВМРО-ДПМНЕ го носи бајракот на слободата и е во првите линии, штитот мора да сме ние, целиот народ. Ако не сме единствени и подготвени да се спротивставиме, тогаш Заев ќе продолжи да продава. Треба да се случи народ за Заев да престане да продава“, порачува тој, повикувајќи ги граѓаните на протест пред Владата и денеска, во 18:30 часот, со поаѓање од пред СЦ „Борис Трајковски“ и СЦ „Јане Сандански“ во 17:30 часот.

Прочитајте и:  Бендевска: Провокација од бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ за денот на ослободувањето на Битола

Според Мицкоски, изјавите на кои инсистира премиерот Заев – дека „е Македонец кој зборува македонски јазик“, се само игра на зборови кој всушност ги потврдува бугарските позиции дека народот и јазикот постојат од ’44-та година.

Мицкоски се обрати и до бугарските политичари. „Залудно преговарате со овие ‘домат’ дипломати. Залудно преговарате и договорате и заедно мислите дека тоа што ќе го ставите на хартија ќе биде обврзувачко за нас“, им порача тој.

- Реклама -