Home 365 Денес Министрите на ЕУ одобрија мисија во Молдавија за спротивставување на руските закани

Министрите на ЕУ одобрија мисија во Молдавија за спротивставување на руските закани

0
Министрите на ЕУ одобрија мисија во Молдавија за спротивставување на руските закани

Министрите за надворешни работи на Европската унија поддржаа цивилна мисија за поддршка на Молдавија во нејзината борба против кибер нападите и пошироките напори за поттикнување немири во земјата.

„По сеопфатната инвазија на Украина, ЕУ беше сведок на зголемени и континуирани руски обиди да ја дестабилизира Молдавија со хибридни акции“, рече шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел.

Мисијата има за цел да ѝ помогне на Молдавија во борбата против странското мешање и манипулација со информации и во изградбата на систем за откривање и одговор на субверзивни закани.

Мисијата со седиште во Молдавија има мандат од две години, но шеф на теренските операции на мисијата сè уште не е назначен.

МИА

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here