Мини никако да ги исцрпи сите можни (и неможни) инспирации за создавање на нови варијанти на ултрауспешниот модел.
По покажувањето на концептот во Женева, Британците и официјално ја најавија доставната верзија на Мини. Настанат како затворена фургон верзија на Clubman, новиот модел наречен Clubvan е посебно интересен затоа што на пазарот ќе настапува како прво премиум доставно возило во светот.
Располага со две седишта, пет врати и товарен простор долг 1,15 и широк на најтесното место 1,02 метри, во кој собира 860 литри. Носивоста му е 500 килограми, без разлика на моторот, кој може да се бира меѓу бензинците со 98 и 122 КС и дизелот од 112 КС, сите од 1,6 литри, стандардно опремени со шестстепени менувачи.
Clubvan како седма варијанта на всушност единствениот модел кој Мини го има во својата понуда, со продажба ќе стартува есенва.
Објавено во соработка со Авто Плус.