Наскоро автомобилските компјутерски системи ќе бидат обезбедени со функција за препознавање на гестови врз основа на системот Kinect, а исто така и можности за пребарување на интернет и индивидуализација во зависност од изборот на корисниците.
Сето тоа ќе се случи благодарение на иновации од Microsoft. Тие треба да создадат компјутерска платформа за идните автомобили, кои ќе можат активно да го користат компјутерските мрежи. Од Microsoft се категорични дека во следната генерација автомобилските компјутери ќе можат да употребуваат технологии како Kinect, Windows 8, Windows Phone, Windows Live, Bing, Azure и Tellme.
Комбинирајќи ги сензорските системи и анализата на податоците, компјутерот ќе стане интелектуален помошник на возачот и патниците.
Microsoft веќе покажа како технологијата Kinect, позната на многумина од компјутерските игри, може да се интегрира во возило. Тоа се случи на саемот во Детроит, каде што беше прикажан прототипот Project Detroit врз основа на Ford Mustang.
Камерите Kinect поставени вовнатрешноста на возилото, ги следат движењата на возачот и патниците. Во исто време сензорите препознаваат движењето на рацете и даваат можност ова да се проектира на екран, избегнувајќи многуте копчиња на средишната конзола. А секоја команда се подесува токму на сензорите.
Следниот чекор е во Kinect да биде вклучена и опција за препознавање на глас. Тоа ќе овозможи директна комуникација на вештачката интелигенција со возачот и патниците. Сето тоа ќе доведе до создавање на систем Connected Car, кој ќе собира податоци за навиките на возачот во меморијата и на тој начин ќе му помага при возењето и изборот на соодветен пат.
Објавено во соработка со Авто Плус.