МИА vs ПСЖ за Fly Pirates

миаааааа

Францускиот фудбалски клуб Пари Сен Жермен и М.И.А. до неодамна немаа ниту една допирна точка. Но, пред некое време М.И.А. објави фантастичен спот за новото дело, „Borders“, посветено на бегалската криза, па раководството на клубот реагираше поради тоа што пеачката носи малку изменета верзија на дресот на својот тим: имено, слоганот на неговиот спонзор, авиокомпанијата од Дубаи, беше изменет, од Fly Emirates во Fly Pirates. Од клубот тврдат дека со ваквата промена, спотот предизвикува „предрасуди“ кон компанијата и кон ПСЖ.

Со стиховите Freedom, I’dom, Me’dom. Where’s your We’dom?, Borders претставува храбар и целосно нов вид на политички став кон импотенцијата на меѓународната заедница за решавање на бегалската криза, за општеството, границитe, идентитетот, привилегиите и правата, и поради тоа иронијата станува уште поголема со тоа што можат да „јадат“ тужба поради обичен дрес.

М.И.А. на својот Твитер го објави целото писмо во кое се вели: „Свесно ја искористивте нашата популарност и репутација со цел да ја потенцирате атрактивноста на вашата пејачка, и да заработите“.

Во писмото на четири страни, ПСЖ (чиј сопственик на клубот од 2011 година е Qatar Investment Authority) го спомнува континуираниот успех на клубот кој се однесува на победите и титулите од натпреварувањата, како и донацијата од милион евра за хуманитарната организација Secours populaire и UNHCR, комитетот за бегалци при ОН како свој придонес за решавање на бегалската криза.

miadogovor

 

Како и да е, сигурно не сме глупави да помислиме дека М.И.А. одлучила да го искористи дресот на ПСЖ во спотот со цел да се шлепа на победата на ПСЖ во купот на победниците на куповите од 1996 година. Се работи за нешто што на многумина им е повеќе од јасно. Обединетите Арапски Емирати и акционерите од Катар, двете земји кои се под удар на критика од избивањето на мигрантската криза поради нехуманиот однос кон луѓето кои се обидуваат да влезат на нивна територија, или, во случајот на Катар, поради контроверзиите околу изградбата на стадионот за Светското првенство 2022 година што ќе се одржи таму.

Ако слушате внимателно, во спотот може да слушнете звук на авион (авионите кои летаат над главите на бегалците).

miatweeeeet

- Реклама -