Металург го доби противникот за четвртфиналето во ЛШ

Нашиот ракометен претставник во Лигата на Шампиони, Металург, на денешната ждрепка во Виена го доби Киелце како противник во четвртфиналето.

Останатите извлечени четвртфинални двојки се:
Атлетико Мадрид – Барселона
Везпрем – Кил
Фленсбург – Хамбург

Првиот натпревар Металург го игра на домашен терен, од 17ти до 21ви април, а возвратниот натпревар е 7 дена подоцна.

- Реклама -