Сме виделе автомобили со соларни бои кои обезбедуваат дополнителна енергија за моторот, но Mercedes Benz ги надмина сите овие иновации со Vision G-Code. Замислете, овој модел го носи производство на енергија на сосема ново ниво?
Тајната е во бојата на автомобилот, која е наменета за производство на електрична енергија за возилото, како алтернативен извор. Спортското купе е само концепт, но дури и никогаш да не влезе во сериско произвдство, паметната технологија може да се користи за напојување на автомобилите во иднина.
Бојата генерира енергија на два начина. Од една страна таа дејствува како еден вид соларен панел, претворајќи ја сончевата светлина во енергија. Од друга, таа генерира енергија преку преобразување на статички електрицитет што се генерира додека ветрот се „трие“ по површината на автомобилот. Кога се додава на хибридниот моторен систем кој вклучува електричен мотор за задните тркала и мотор со внатрешно согорување за предните тркала, овој технолошки процес комбинира сила и отпорност.
И ако бојата генерира струја, која не е доволна за да ги задоволи потребите, треба да кажеме дека автомобилот доаѓа со два електрични скутери, вметнати во багажниот простор, што значи дека можете да паркирате секаде и да го вклучите автомобилот да се полни, а да продолжите со еден од скутерите.
Ова е навистина многу интересно за во градските средини!