Mercedes-Benz ги откри техничките и динамички карактеристики на A45 AMG, чија премиера ќе се одржи на 5 март во Женева.
Најмалата кола на AMG доаѓа опремена со 2.0-литарски бензински мотор со четири цилиндри, кој ги придвижува сите четири тркала со моќноста од 360 КЅ и максимален вртежен момент 450 Nm.Високата моќ се распределува меѓу четири тркала преку автоматскиот менувач со седум брзини и две спојки AMG SPEED SHIFT DCT.
Трансмисијата нуди функција Race Start преку која A45 AMG може да забрза од место до 100 km/h за само 4.6 секунди. Максималната брзина е електронски ограничена на 250 km/h.Автомобилот има ESP систем со три различни поставки, а системот за сопирање е опремен со двојно вентилирачки дискови, чиј пречник е 350 милиметри на предните и 330 mm на задните. Тркалата се направени од лесна легура, со оглед на големината од 18 инчи. Како опција A45 AMG може да има и 19-инчни тркала и гуми 235/35. Цените на A45 AMG ќе бидат соопштени за време на премиерата во Женева.
Продажбата ќе започнат веднаш по тоа, а на пазарот A45 AMG ќе им конкурира на автомобили како BMW M135i и Audi RS3.
Текстот е објавен во соработка со Авто Плус.