Човек со механичка нога се искачил до 103-от кат на облакодер (видео)

Опремен со „бионичка нога контролирана со мисли“ Зек Вотер се искачил до 103-от кат на Кулата Вилис во Чикаго – подвиг кој би бил неверојатен дури и за искусни спортисти.

Но 31 годишниот Вотер, кој ја загубил својата десна нога во сообраќајна несреќа, имал помош од специјална протеза. Направата, која има мотор во коленото и глуждот, ги предвидува движењата на Вотер. На пример, кога тој сака да стане протезата го предвидува неговото движење и му помага.

„Една од најголемите разлики за мене е способноста за нормално искачување на скали“ изјавил Вотер. „Со мојата стандардна протеза секоја скала морам да ја искачам прво со вистинската нога пред да ја подигнам протезата.“

„Со механичката нога сè е едноставно; се качувам по скали како и порано, а дури можам и да прескокнувам по две наеднаш.“ Вотер бил дел од група од речиси 3000 луѓе кои учествувале во SkyRise Chicago, најголемиот настан за искачување на скали во светот.

- Реклама -