McLaren со лимитирана серија на 12C по повод јубилејот

McLaren објави дека по повод 50-годишнината на компанијата, ќе пушти во продажба лимитирана серија на 12C и 12C Spider, во која ќе бидат вклучени по 50 примероци од секој од моделите.

McLaren 50 12C и McLaren 50 12C Spider пристигнуваат со голем број на идентични детали во споредба со сериските верзии, а вклучуваат сосем нов преден браник, сертификат во форма на плакета, како и голем број на надградби, како карбон-керамички дискови на сопирачките, единствен дизајн на фелните, целосно кожен ентериер, специјален клуч и покривка за автомобилот…

152_McLaren-470-2

McLaren 50 12C и McLaren 50 12C Spider ќе се нудат во три основни бои-Carbon Black, Supernova Silver и McLaren Orang, а цената е 196.000, односно 215.500 фунти.

972_McLaren-470-3

Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус

- Реклама -