Доколку ви се допадна концептот за спортски автомобил на македонскиот дизајнер Апостол Тноковски, тогаш сигурно ќе бидете заинтригирани и од футуристичкиот изглед на LUNA – градски автомобил на електричен погон.

Според описот на дизајнерот „LUNA е градски автомобил на електричен погон, инспириран од меурче од сапуница. Иако овој автомобил има прилично заоблена линија, сепак делува доста агресивно. Карактеристичен е по големата стаклена површина, со што би се овозможила интеракција на највисоко ниво меѓу оној кој се наоѓа во автомобилот со окружувањето. Ваквиот спој на корисникот со околината, придружен од речиси без-звучниот електричен погон би требало да овозможат уникатно емотивно возење.“