Во нашата рубрика дом, каде што секојдневно објавуваме апартмани и ентериери денеска се движиме на југ.
Започнаа резервациите за летен одмор, а Халкидики е едно од омилените места за море на Балканот. Погледнете една прекрасна вила во Сани, област на Халкидики, каде престојот може да ве чини до 4 000 евра неделно.
Вилата има 6 спални соби и вкупна површина од 330 квадратни метри. Таа е на три ката и располага со убав двор од 3200 квадратни метри.
Изградена е меѓу убава борова шума, со прекрасен поглед на околината. Покрај 6 спални во домот има две кујни, три дневни, четири бањи и соба за игри. Декорирана е луксузно.
На приземјето (со површина од 165 квадратни метри) се наоѓаат дневна соба, кујна, трпезарија, три спални, две бањи и соба за игри. На приземје (со површина од 115 квадратни метри) има дневна соба со кујна, спална соба и тоалет.
На првиот кат (65 квадратни метри) има дневна соба, две спални и две купатила. Кон имотот има приватен базен во градината и зона за масажа / џакузи за 4 лица. Вилата е целосно опремена со машина за перење, машина за миење садови, фрижидер, клима уред, кабелска и сателитска телевизија, компјутер, Wi-Fi, конзоли за видео игри, сеф и др.
Погледнете ги фотографиите.