Со своите странични рефлектори и арсенал од оружја за лов, ова не е обичен стар Ролс Ројс. Се работи за Торпедо Турер од 1925 познат и како ‘Tiger Car’, изграден специјално за Умед Синг II, махараџа кој обожавал да лови големи мачки. Следниот месец автомобилот ќе биде еден од шест предвоени Ролс Ројс и Бентли автомобили понудени на годишната аукција на Бонамс на полуостровот Монтереј во Калифорнија на 19 август.
Од аукциската куќа очекуваат автомобилот да биде продаден за помеѓу 750.000 и еден милион долари. Во времето кога бил направен автомобилот бил опремен со сите најнови алатки за лов. Големокалибарска пушка за одбрана од животни кои напаѓаат; голем број пушки за лов на птици, пушли и сачмарки поставени во кабината; на задниот дел, на куката за приколка бил закачен 11 милиметарски, рачно опериран Bira митролез – омиленото оружје за лов на бенгалски тигри.
Приклучокот за митролезот сè уште постои и е дел од понудата на аукцијата. Ако тоа не било доволно, махараџата имал и Lantaka топ прикачен на задниот браник, за во случај да посака да лови слонови. Автомобилот е опремен со осум литарски мотор со шест цилиндри. Максималната брзина е околу 140 километри на час, но менувачот е адаптиран за тивко возење низ џунгла а не за крстосување по патишта.
Дејвид Свиг, специјалист од аукциската куќа Бонамс вели: „Тогаш не сте можеле да појдете во салон и да купите Фантом во боја која ви се допаѓа. Тие биле произведувани по нарачка. Многу махараџи имале слични вакви автомобили.“ Според литературата на Бонамс, она што најмногу загрижува е што во внатрешноста е поставен Chubb сеф за чување пари за исплаќање компензација во случај на смрт на некој од асистентите. Седиштата во автомобилот се обложени со крокодилска кожа, за на патниците да им е јасна неговата намена. [1925 Rolls Royce Phantom ‘Tiger Car’ with machine gun on the back up for action]