Ливерпул во финале, повpeдениот Кеита вриштеше од радост дома пред телевизор (ВИДЕО)

Играчот од средниот ред на Ливерпул и репрезентативец на Гвинеја – Наби Кеита, поради повpeда порано ја заврши сезоната, а полуфиналниот реванш против Барселона го гледаше дома на телевизија, принуден на домашно лекување.

Кога судискиот свиреж конечно се огласи и им стави крај на тензичните 10-тина минути на крајот на натпреварот (Ливерпул не смееше да прими гол), заедно со трибините на „Енфилд“ и играчите на теренот, еруптираше и Кеита. Игнорирајќи ја пoвpeдата, тој стана, го извади штитникот од бутниот мускул, и скокаше и вриштеше од радост.

Дел од познавачите велат дека со тоа потенцијално ризикувал да ја влоши повpeдата, но очигледно радоста беше преголема за Кеита да размислува за било што друго освен за победата. А и кој може да го обвини?

 

- Реклама -