Левица: Заев потпиша предавнички договор со самопрогласената држава „Косово“, тоа е уште еден чекор кон сонот за Голема Албанија

„Договорот кој е еден од 11-те потпишани помеѓу Албин Курти и Зоран Заев, дозволува влез, престој и транзит на таканаречените ‘Сили на безбедност на Косово’ низ територијата на Република Македонија. Изговорот кој се користи за ваквиот срамен чин е дека силите на ‘Косово’ би служеле како помош на Македонија во безбедноста и итното реагирање за време на кризи. Но, тоа се лаги од страна на двата протекторатски вазали и немаат никаква подлога во реалноста“, обвинуваат од Левица.

Според партијата, слободното престојување на воени сили на друга држава на територија на формално суверена и независна Република Македонија, се чекор кон целосна окупација и вршење политичко влијание врз политиката од највисок степен, а особено, како што велат, кога се воени сили на нелегитимна држава која е непризнаена од страна на Обединетите Нации.

Прочитајте и:  Меџити: Прашањето со екстрадицијата на Рамадани треба да го решиме генерално, а не случај по случај

„Воените сили на ‘Косово’ се уште еден чекор кон остварување на фашистичкиот сон за Голема Албанија и ќе се користат како аргумент и страшило против секој слободоумен македонски патриот, особено политичките организации со анти-империјалистички карактер. Впрочем, токму на оваа средба со Заев, Курти ни соопшти дека Косово нема намера да ги екстрадира во Македонија осудените злостроници од случајот ‘Монструм’, што е уште еден акт на саботажа на македонскиот правен поредок“, се вели во реакцијата.

Од Левица велат дека се против ваквиот договор и се залагаат да го укинат, заедно со признавањето на Косово, штом дојдат на власт.

„Не смееме да дозволиме Македонија да стане Палестина на Балканот“, порачуваат од Левица.

- Реклама -