Левица до Собранието ќе поднесе декларација за признавање на Палестина

Пратеничката група на Левица денеска до Собранието ќе поднесе Предлог- декларација за признавање на Палестина.

Пратеникот на Левица, Амар Мециновиќ на денешната прес-конференција истакна дека со оваа декларација изразуваат поддршка за право на палестинскиот народ на самоопределување како основно човеково право загарантирано со меѓународното право и принцип, одлука за сите народи кои се борат за својата слобода и независност.

Според пратеникот палестинскиот народ со децении е жртва, а признавањето на независноста на Палестина е важен чекор кон исправање на историските неправди нанесени врз овој народ.

– Во овие мигови се случува и геноцид врз палестинцкиот народ во Газа. Незамисливо насилство, лишување од основни услови за живот, бомбардирање на домови, убивање на цивили, вклучувајќи и деца се јасни докази за воени злосторства против човештвото. Меѓународната заедница мора да преземе дејствија за да ги спречи овие барбарски дела и да обезбеди правда за Палестинците, рече Мециновиќ.

Како што потенцира пратеникот на Левица, со оваа декларација, Македонија ќе се приклучи на светското движење за признавање на палестинската независност.

-Имаме примери од регионот како Словенија, Шпанија, Малта итн. Исто така се повикуваме и на југословенската допломатска традиција и движењето на неврзаните.  Признавањето на Палестина не е само чин меѓународна солидарност и морална обврска на секоја држава да се залага за мир и правда. Окупацијата и ционистичките политики се формален неоколонијализам кој ги загрозува за сите напори за мир во регионот и светот. Мирот не може да се постигне се додека постојат окупациски сили и додека се негираат правата на еден цел народ. Се надеваме дека оваа декларација ќе се прифати во Собранието и дека ќе испратиме силна порака на светот – Македонија стои на страната на правдата, на страната на слободата, на правото на самоопределување на сите угнетени народи, рече тој.

Прочитајте и:  САД ја отфрлаат одлуката на Меѓународниот кривичен суд за апсење на Нетанјаху и Галант

Одговарајќи на новинарско прашање околу предлогот на претседателот на СДСМ Венко Филипче за свикување на затворена седница по однос на европските прашања на земјата, Мециновиќ нагласи дека на јавноста и е доста од затворени седници и упати порака до СДСМ да биде посериозна и да им се приклучат на Левица за да им се спростивставуваат на регресивните политики на Владата.

-Првично мора се напомене дека низ европскиот извештаи во владеењето на СДСМ во последните седум години е окарактеризирано како стагнациско времено дури и времено уназадување на позициите на Македонија во поглед на интеграцијата во Европската Унија.

Владата и СДСМ имаат пропуштено неверојатна прилика што се однесува до интеграциите затоа што ја имаа поддршката на меѓународната заедница но нашата импотентна дипломатија водена од СДСМ и ДУИ ги даде овие резултати. Нашата порака е СДСМ да стане посериозна и да ја следи опозициската битка која Левица ја води против ВМРО-ДПМНЕ во ова Собрание, а да не ја зајамува со некои затворени седници, рече пратеникот Мециновиќ.

- Реклама -