Овој лебдечко возило нема да се движи низ густи шуми како возилата од “Star Wars” но интуитивните контроли еден ден би можеле да му дозволат на секого да лета без пилотски тренинг.
Леталото потсетува на летечки мотоцикл од научна фантастика со два спроведени ротори во тркалата но дизајнот бил напуштен во шеесетите поради проблеми со стабилност и превртување. Aerofex, компанија од Калифорнија го решила проблемот со стабилноста со механички систем – контролиран со две цевки на ниво на колената – кој му дозволува на возилото да реагира на навалувањето на пилотот и природното чувство за рамнотежа.
„Гледајте на ова како спуштање на прагот на лет во регионот на ATV (all-terrain vehicle)“ изјавил Марк Де Рош, авиоинженер и основач на Aerofex. Интуитивните контроли би можеле да им овозможат на доктори да посетуваат пациенти во рурални региони без патишта или погранични патроли да патролираат без пилотски тренинг.
Сево ова се случува механички, без потреба од електроника или сложена вештачка интелигенција или софтвер за летање. „Системот го интерпретира односот помеѓу две од трите оски и ги активира аеродинамичните контроли потребни за справување со движењето – и го исправува возилото“ изјавил Де Рош за InnovationNewsDaily. „Бидејќи движењата за одржување рамнотежа се инстинктивни и константни, пилото одржува рамнотежа без напор.“ [Aerofex hover vehicle resembles Star Wars hover bike]