Лавров: Сѐ уште има шанса да се решат проблемите, најзаинтересирани сме за одговорот на САД

Москва, 14 февруари 2022 (МИА) – Русија денеска соопшти дека има шанса да ја реши украинската криза преку дипломатски канали.

„Морам да кажам дека сѐ уште има шанса да се решат проблемите што треба да се решат“, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на телевизиската средба со претседателот Владимир Путин.

Тој додаде дека можностите за дијалог „не се исцрпени“. Лавров истакна дека Русија внимателно ги проучувала одговорите на САД и НАТО околу предлозите на Москва за безбедносни гаранции.

„Најзаинтересирани сме за одговорот на САД, бидејќи на сите им е јасно кој игра голема улога во решавањето на овие прашања во западниот табор“, нагласи шефот на руската дипломатија.

Прочитајте и:  Зеленски: Украина можеби ќе треба да почека и да го надживее Путин за да си ја врати територијата

Тој додаде дека одговорот на Вашингтон на руските предлози не може да ја задоволи Русија.

„Американскиот одговор се состои од два дела, првиот дел одговара на три клучни прашања што ги идентификувавме: непроширување на НАТО, нераспоредување на заканувачко оружје и целосно враќање на воената и воено-техничката конфигурација во Европа од 1997 година. На овие прашања одговорот е негативен, се разбира, не може да нѐ задоволи“, изјави рускиот министер.

- Реклама -