Пред VIP клиенти, државни претставници и специјализирани медиуми, Lamborghini Veneno Roadster имаше светската премиера на италијанскиот носач на авиони Nave Cavour, позициониран во Абу Даби.
Lamborghini ја разви верзијата на Roadster врз Veneno по повод својата 50-та годишнина и најави дека следната година ќе бидат произведени не повеќе од 9 претставници на моделот, а цената на секој од нив нема да е помала од 3.3 милиони евра. Карбонскиот Lamborghini Veneno Roadster располага со 6.5 литарски, дванаесетцилиндерски мотор со максимална моќност од 750 коњски сили. Возилото ветува можност за забрзување од 0 до 100 km/h за 2,9 секунди и максимална брзина од 355 km/h.