Lamborghini се враќа во меѓународниот автомото спорт.
Италијанскиот производител на спортски автомобили ја откри својата нова тркачка изведба за сериите GT3.
Автомобилот е базиран на најновиот Gallardo и е дизајниран заедно со германската компанија Reiter Engineering, која со години гради тркачки верзии на Lamborghini во серија GT.Името на новиот тркачки модел е Lamborghini Gallardo GT3 FL2. Моделот ќе земе учество во трките уште оваа година.
Тркачките тимови ќе можат да го добијат овој автомобил за 320.000 евра. Првично ќе може да се натпреварува во сериите Blancpain Endurance и италијанското GT3 првенство во Европа, како и во серијата Ле Ман.
Lamborghini откри дека Gallardo GT3 FL2 ќе нуди се што треба за трките за издржливост, вклучувајќи специјални сопирачки, оптимизирано ладење на моторот и подобро управување на потрошувачката на гориво.
Тркачкиот автомобил е екипиран со високоефективен аеродинамичен пакет кој се состои од преден спојлер и задни дифузери.За да ја контролира и проширува својата програма за мото спортови, Lamborghini создаде тркачки оддел Squadra Corse во седиштето во Сант’Агата Болонезе, во Италија.
Текстот е објавен во соработка со Авто Плус.