Lamborghini Aventador Roadster – распродаден

Историјата се повторува, кабриолетот како и базниот модел е распродаден за најмалку една година однапред.Уште за време на премиерата на Aventador беа резервирани по електронски пат сите модели, кои беа планирани да бидат произведени за една година.

Сега со истото достигнување може да се пофали и отворената верзија на најновото остварување на Lamborghini.

Иако, цените на моделот почнуваат од 300.000 евра, во Lamborghini добиле толку многу нарачки за Aventador Roadster, па доколку во моментов направите резервација, автомобилот ќе ви биде готов најрано во текот на летото на 2014 година.

Потсетуваме дека Lamborghini Aventador Roadster беше прикажан за прв пат пред само два месеци и ќе биде на улица во текот на ова лето. Автомобилот со хард подвижен покрив го користи познатиот 6.5 литарски V12 мотор кој е дел и од затворената верзија на Aventador.

Моторот развива 700 КЅ и 690 Nm и е во спрега со 7-степен автоматски менувач. Ова овозможува забрзување од место до 100 km/h за само 3 секунди и максимална брзина на движење e 350 km/h.

Текстот е објавен во соработка со Авто Плус.

- Реклама -