Курти: Формирање на Заедницата на српски општини (ЗСО) не е можно

Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека формирањето на Заедницата на српски општини (ЗСО) во Косово не е можно бидејќи тоа е спротивно на Уставот и дека Србија е таа која треба да плати отштета за војната во 1999 година.

Курти, како што пренесуваат приштинските медиуми, рекол дека Косово е мултиетничко „иако од прогласувањето на независноста, 93 отсто од населението го сочинуваат Албанци“.

„Формирањето на Заедницата на српските општини на Косово не е можно бидејќи е спротивно на Уставот. Кога прогласивме независност, рековме дека иако Косово има 93 отсто Албанци, не може да се нарече албанско, туку мултиетничко. Сега не може да се формира еднонационален сојуз бидејќи веќе ја имаме Заедницата на косовските општини. Јас сум граѓанин на Косово, кој и како политички активист и како член на опозицијата, па и денес како премиер, се обврзав и ги афирмирав сите права на малцинствата, без разлика“, рече Курти.

Прочитајте и:  Мицкоски за барањето на Ахмети: Косово да интервенира кај уставните судии кои ДУИ и СДСМ ги избраа? Шокантно

Тој додаде дека „Косово не може да плати компензација на Србија за изгубената војна во 1999 година, туку дека Белград мора да ја надомести штетата што му ја нанесе на Косово во однос на луѓето и материјалните добра“.

МИА

- Реклама -