Андреа купила автомобил на аукција за напуштени возила, но она што го пронашла внатре, ја оставило шокирана.
Жената за медиумите раскажува дека купила автомобил за 700 долари на аукција, потоа го извозела до својот дом и проверила во каква состојба е истиот.
Меѓутоа, останала запрепастена кога во возилото пронашла четири урни кои биле сокриени под албум со стари фотографии, документи, дневник и други лични предмети кои што и припаѓале на Саши Единс, претходната сопственичка на автомобилот.
„Беше тоа нешто што не очекувате дека ќе го пронајдете во автомобил“, раскажува Андреа за „АБЦ“.
За нештата да бидат уште поморбидни, една од урните ја содржела и пепелта од домашно милениче, кое се викало Ча-Ча.
Подоцна станало јасно дека сопственичката на автомобилот, била бездомник која живеела во возилото. По нејзината смрт превозното средство било запленето од страна на полицијата и продадено на аукција.