Кремљ: Анектираните украински региони се неотуѓиви и заштитени со нуклеарно оружје

Сите четири украински региони неодамна анектирани се под заштита на рускиот нуклеарен арсенал, потврди денеска Кремљ.

„Сите тие територии се неотуѓиви делови на Руската Федерација и сите се заштитени. Нивната безбедност е загарантирана во иста мера како и остатокот од руската територија“, одговори портпаролот Дмитриј Песков, на новинарско прашање дали тие региони се под руски нуклеарен чадор.

Претходниот месец, рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва е подготвена, доколку е потребно, да го искористи нуклеарниот арсенал за одбрана на „територијалниот интегритет“ на Русија и дека анектираните украински подрачја ќе бидат дел од Русија „засекогаш“. Сепак, Русија нема целосна контрола врз тие подрачја и допрва треба да се дефинираат нивните граници.

Прочитајте и:  „Џон Болтон беше лудак, Путин и Ким Џонг Ун се исплашија од него“, вели Трамп, смета дека може да ги раздели Русија и Кина

Претседателот на САД – Џо Бајден, пак, неодамна изјави дека не е можно Русија да употреби нуклеарно оружје а тоа да не резултира со Армагедон.

- Реклама -