Ковачевски: Се надевам дека на ТВ дуелот ќе ги чуеме и ставовите на Мицкоски во однос на евроинтеграцијата на државата

Добро е за кандидатите за носителите на функциите на државата, иден пратеник или иден премиер на државата  да ги презентираат своите програми, ставови, како и одговори на клучните прашањата, истакна денеска претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски  на новинарско прашање што очекува од ТВ дуелот со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, што треба да се одржи на 3 април.

Ковачевски истакна дека се радува на ТВ дуелот, на кој, како што рече, граѓаните ќе слушнат кој каков став има за најважните прашања за државата.

– Моите ставови веќе ги знаете.Меѓутоа се надевам дека во среда ќе можеме да ги чуеме и ставовите на претседателот на ВМРО ДПМНЕ, во однос на интегрирањето на државата во Европската унија, во однос на односите со соседите и во однос на внатрешните односи во државата виза вi другите етнички заедници, рече Ковачевски.

Прочитајте и:  СДСМ се враќа во форма, кризата од изборите е надмината - вели Филипче

Лидерот на СДСМ, Ковачевски заедно со својот тим на соработници има средба со претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески и членови на Управниот одбор на комората.

- Реклама -