Ковачевски: Пратеничките листи на СДСМ добија 99, 98 отсто поддршка на Конгресот на партијата

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски денеска изјави дека пратеничките листи на коалицијата што ја предводат се креирани и одобрени од највисоките раководства на партијата, како и од страна на органите на партиите кои се дел од коалицијата. Ковачевски рече дека вчера е потпишан коалициски договор со, како што кажа, сите стожерни партии со кои СДСМ соработува, посочувајќи дека се разговара и со некои други организации со кои би потпишале меморандуми за соработка на изборите.

-Пратеничките листи се креирани. Тие се одобрени на конгресот на СДСМ. Знам дека и најголемиот дел од коалициските партнери веќе ги одобрија на своите партиски тела. Има уште некои организации со коишто разговараме за потпишување на меморандуми за соработка или за декларации и кои се базираат исклучиво на вредности, а тоа е интеграција на Северна Македонија во Европската унија, зацврстување на улогата на Северна Македонија како значаен член во НАТО и секако унапредување на владеењето на правото и борбата против корупцијата и унапредување на економскиот развој, рече Ковачевски. Тоа, рече тој, се основите врз основа на кои се разговара за соработка.

Прочитајте и:  СДСМ се враќа во форма, кризата од изборите е надмината - вели Филипче

Ковачевски тврди дека немало несогласувања за пратеничките листи во СДСМ, туку дека тие биле едногласно потврдени на највисоките тела на партијата, како и дека добиле 99, 98 отсто поддршка на Конгресот на партијата.

- Реклама -