Ковачевски на Советот за безбедност: Европската агенда е наша стратешка цел, нема да дозволиме ништо да ја загрози

„Европската агенда е наша стратешка цел, нема да дозволиме ништо да ја загрози“, истакнал премиерот Димитар Ковачевски на денешната седница на Советот за безбедност, свикана од страна на претседателот на државата, Стево Пендаровски.

На состанокот, како што соопшти владината прес-служба, се разговараше за актуелната безбедносна состојба во државата, во регионот и во поширокиот евроатлантски простор, вклучувајки ја и ситуацијата во Украина и, во тој контекст, и за првите недели од претседавањето на земјава со ОБСЕ, каде што членуваат 57 земји членки, вклучувајки ја и Руската Федерација.

Посебен фокус бил ставен на добрососедските односи, кон што „Република Свеерна Македонија е искрено посветена, во духот на европските вредности“, велат од Владата.

На седницата на Советот за безбедност, премиерот Ковачевски се согласил со оценката на претседателот на државата, дека не смее да се дозволи европската агенда, што е стратешка цел на државата, како и билатералните односи со соседна Република Бугарија, да станат жртва на националистички и популистички политики, од која и да е страна.

Прочитајте и:  Мицкоски: Нашите аргументи му се предочени на Радев, очекувам добрососедство и до крајот на годинава да го продолжиме нашиот процес

Ковачевски на состанокот ги посочил европските перспективи ако прашање од значење за стабилноста и економскиот развој на земјата, но и за стабилноста и безбедноста на целиот регион, а притоа посочил и на потребата од одговорно однесување од сите политички лидери и субјекти, во насока на реализацијата на оваа државна стратешка цел, која, како што рекол Ковачевски, е очекување и на мнозинството граѓани.

- Реклама -