Ковачевски – Макрон: Франција сака да ја види Северна Македонија успешна и интегрирана во ЕУ

Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска во Братислава се сретна со претседателот на Франција – Емануел Макрон. На средбата, како што информираат од владината прес-служба, било разговарано за процесот на проширување на ЕУ и интеграцијата на земјава во унијата.

Макрон ја поздравил одлучноста на Владата да работи на реализирање на европската агенда и потенцирал дека на тој пат ќе продолжи да има силна и гласна поддршка на Франција.

Ковачевски и Макрон се согласиле дека сега е момент да се направи јасен исчекор во пристапниот пат и да се овозможи успешно интегрирање на Северна Македонија во ЕУ, наведуваат од Владата.

Ковачевски му се заблагодарил на францускиот Претседател за неговиот личен ангажман во процесот на проширување на ЕУ и евроинтеграцијата на земјава.

Прочитајте и:  Макрон го повика Путин да се вразуми, а Кина да го притисне за деескалација... потегот на Бајден го смета за „добра одлука“

Соговорниците, исто така, изразиле согласност дека не смее да има одложување на процесот на евроинтеграции, и затоа и овој пат нема да отсуствува поддршката од Франција и меѓународната заедница во натамошните етапи и предизвици на патот кон членство во ЕУ.

Премиерот Димитар Ковачевски денеска учествува на Глобалниот безбедносен форум на Глобсек 2023, кој се одржува во Братислава. Во рамки на агендата, Ковачевски денеска имаше билатерална средба и со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен.

Безбедносниот форум на Глобсек е етаблиран како најистакната платформа низ регионот на Централна и Источна Европа (ЦИЕ). Овогодишното, 18-то издание на Форумот, има за цел да го потсети светот дека овој регион никогаш не бил поклучен во обезбедувањето на глобалната стабилност.

- Реклама -