Косовската министерка за надворешни работи: Нова војна на Балканот би била добредојдена за Русија

Косовската министерка за надворешни работи Доника Гарвала-Шварц изјави дека Русија може да ги разгори тензиите на Балканот и да создаде нова војна за Западот да не се фокусира на Украина, пишува весникот „Коха диторе“, цитирајќи интервју од вчера за NatSecDaiy.

Во интервјуто Гарвала предупреди дека територијалните амбиции на рускиот претседател Владимир Путин не запираат на украинската граница. Според неа, победата на Украина против Русија би обезбедила долго време стабилност дури и на „немирниот Балкан“.

„Стратегијата на Путин е да го држи Западот со разни конфликти. Затоа, нова војна на Балканот би била добредојдена за Русија“, рече таа.

Прочитајте и:  НАТО и Киев закажаа состанок: Руското експериментално оружје нема да има ефект во конфликтот, ниту ќе ги одврати сојузниците од поддршката за Украина
- Реклама -