Конфликтот во Европа се заострува по прашањето за Украина

1

Европските лидери ја потврдија својата поддршка за Украина во момент кога конфликтот влегува во петтата година. Сепак, несогласувате помеѓу членките на ЕУ го замаглија одбележувањето на овој настан. Унгарија и Словачка ја блокираа 20-та серија санкции на Европската унија против Русија, како и планот за финансиска помош од 90 милијарди евра, повикувајќи се на прекинот на испораките на нафта преку „Дружба“. Украина тврди дека овие проблеми се последица на руски бомбардирања.

Претседателот Зеленски повика на зголемување на санкциите и на повеќе воена помош, подвлекувајќи дека Путин не дава знаци за крај на конфликтот. Тој исто така побара јасен рок за членство на Украина во ЕУ, додека расколот меѓу земјите членки е најизразен досега. Кремљ призна дека не ги постигнал своите воени цели и дека „специјалната воена операција“ продолжува, оставјќи простор за дипломатски преговори, но под нивните услови.