Кондомите влијаат на женското здравје

Освен што штитат од сексуално преносливи болести и бременост, кондомите може да помогнат кај добирте бактерии во вагината.

Сексуално активните жени кои користат кондом имаат поголеми колонии добри бактерии во вагината отколку жените кои користат други облици на заштита од бременост, покажа најново кинеско истражување.

Научниците се концентрирале на Lactobacilli, полезни бактерии кои човечкиот организам природно ги создава во цревата и вагината.Помага во елиминирањето на токсините и штетните материи што се внесуваат со храната и во елиминирањето на бактериите што се причинители на болести. Помагаат во вагината да се одржи pH од 4,5 што е слично на киселината што ја имаат пивото и сокот од домати. Оваа киселост е поволна затоа што оневозможува развој на штетни бактерии што може да предизвикаат инфекции.

Прочитајте и:  Омилениот зимски пијалок може да го намали ризикот од срцев удар, покажуваат истражувања

Во рамки на новата студија објавена во магазинот PLoS ONE, тимот од Пекинг вклучил 164 здрави жени на возраст од 18 и 45 години кои не користеле хормонска контрацепција. Седумдесет и две учеснички како главен метод на контрацепција користеле кондоми, 57 спирала (intrauterine device-IUD), а 35 таканаречен ритам-метод, во рамки на кој двојката се откажува од сексуален однос во деновите кога жената е најплодна. Истражувачите откриле дека присуството на Lactobacilli било поголемо кај оние кои користеле кондоми.

Сексуалната активност може да ја смени рамнотежата на екосистемот на вагината затоа што спермата има pH од 7.0 до 8.0. Добиените резултати укажуваат на тоа дека кондомите може да помогнат вагината да ја одржи нејзината природна киселост која ја штити.

 

- Реклама -