Кога мислеше дека не те гледам…

Децата набљудуваат буквално се. Вие сте нивниот примерок и единствениот од кого што учат пред да се соочат со светот, а верувајте учат многу.

Ова e порака што секој возрасен треба да ја прочита, бидејќи децата го набљудуваат и прават она што вие го правите, а помалку она што им го кажувате:

„Кога мислеше дека не те гледам, јас видов дека го закачи мојот прв цртеж  на фрижидерот и веднаш посакав да нацртам друг.

Кога мислеше дека не те гледам, јас видов како нахрани изгубено маче и научив дека е добро да си мил со животните.

Кога мислеше дека не те гледам, јас видов како ја  направи мојата омилена торта за мене и научив дека малите нешта можат да бидат најспецијалните работи во животот.

Кога мислеше дека не те гледам, јас слушнав како кажа една молитва и знаев дека некаде постои Бог, со кого што секогаш можам да зборувам и научив да верувам во него.

Кога мислеше дека не те гледам, јас видов како приготви храна и ја однесе на пријател, кој што беше болен и научив дека сите ние треба да помагаме, грижејќи се еден за друг.

Кога мислеше дека не те гледам, јас видов како  оддели од своето време и пари за да им помогнеш на луѓе кои немаат ништо и научив дека оние кои имаат нешто треба да им дадат на оние кои немаат.

Кога мислеше дека не те гледам, јас видов како се грижиш за нашата куќа и научив дека сите треба да се грижиме за она што е наше.

Кога мислеше дека не те гледам, јас видов како се справуваш со одговорностите, дури и кога не се чувствуваш добро, и научив дека би требало да бидам одговорен, кога ќе пораснам.

Кога мислеше дека не те гледам, јас ги видов солзите во твоите очи и научив дека  нема ништо страшно во тоа да заплакаш некогаш.

Кога мислеше дека не те гледам, јас научив најмногу од лекциите на животот кои треба да ги знам за да бидам добар човек, кога ќе пораснам.

Кога мислеше дека не те гледам, јас те погледнав и сакав да ти кажам „Благодарам ! ” за сите оние работи кои ги видов кога ти си мислеше дека не те гледам.

- Реклама -