Клонираната храна чека официјално одобрување

clone-transgenics-pigsБи јаделе ли месо и млеко од клонирани животни? Ако порано ова прашање беше интересно само за љубителите на научната фантастика, денес е веќе сериозна дилема на секој конзумент.

dolly1Би јаделе ли месо и млеко од клонирани животни? Ако порано ова прашање беше интересно само за љубителите на научната фантастика, денес е веќе сериозна дилема на секој конзумент.

European Food Safety Authority, европската институција надлежна за овие прашања, веќе даде позитивен коментар околу безбедноста на клонираната храна, иако со предзнак „најверојатно“, посочувајќи дека податоците добиени од истражувањето се нецелосни.

Во прелиминарниот извештај е наведено дека врз основа на сегашното знаење, не се очекува клоновите да воведат нови ризици во исхраната, надвор од оние што веќе ги имаме во конвенционалната прехрамбена индустрија. 

Европската комисија за здравство објави дека ќе се формира етичка група, составена од филозофи, научници, теолози и правници кои ќе ги истражуваат моралните аспекти на клонирањето храна.

Секако дека експертите имаат свои методи и техники за утврдување на можните последици, но оние поскептичните, можат да „пробуричкаат“ на интернет и да побараат одговори на основните прашања, како на пример, како се клонираат животните, кога ќе можеме да ги купиме овие производи, дали ќе бидат „обележани“ итн. Линк

- Реклама -