Не, овие жени не се суперхерои кои патролираат по плажата и ги штитат невините цивили од криминал и покрај нискиот буџет за маски.
Иако на западот тенот е одлика за успех и здравје, во неколку земји во источна Азија, Кина, Кореја и Јапонија, прават сè за да се заштитат од сончевите зраци со шарени маски. Во културите во овие земји темниот тен е одлика на полската работа на селани, додека бледата кожа пренесува луксуз и успех.
Шарените маски, кои го добиле прекарот “face-kini” е лесна платнена верзија на маска за скијање или балаклава чија примарна функција спречување на тен. Тенките маски се продаваат за 2 до 4 американски долари во локалните продавници, но многу жени се решаваат за домашна изработка.
Маските имаат втора позитивна функција во тоа што го штитат лицето од здодевни инсекти како комарци и од медузите кои се присутни во Источното Кинеско Море. Францускиот весник Le Monde објаснува дека маските се одлика на „античко чувство во Кина, како и во многу други земји: страв од добивање тен“. Маските овозможуваат уживање во песокот и водата без опасност од добивање на несакан тен.