Најмалку осум жртви откако се урна настрешница на железничката станица во Нови Сад

Осум лица загинаа во уривање на дел од Железничката станица во Нови Сад, соопшти министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ.

Градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ изјави дека се повредени повеќе од 30 лица. Инаку, под настрешницата имало клупи и на нив во моментот на падот имало голем број граѓани јавија српските медиуми.

„Ова е еден од најтешките денови во историјата на Нови Сад. Ова е страшна трагедија. Сакам да изразам сочувство до семејствата на жртвите во името на Владата на Република Србија и сите присутни овде. благодарам на сите работници кои помагаат и се борат да ги спасат луѓето кои се под урнатини“, рече премиерпот на Србија, Милош Вучевиќ.

„Ќе инсистираме да се најдат одговорните“, рече Вучевиќ.

„Спасувачите беа тука веднаш по добивањето на повикот. Неколку часа подоцна беше во тек спасувачката акција. Со тешка механизација учествуваат повеќе од 80 спасувачи од повеќе градови“, изјави министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ

„Исклучително тешка акција која ќе трае неколку часа. Осум тела се извлечени од урнатините. Две лица во болница кои преживеаја, со тоа што состојбата на едното е доста сериозна. Имаме контакт со две лица кои се под урнатините“, рече тој.

Како што изјави, се комуницира со две лица кои се наоѓаат под урнатините, од кои едното е 14-годишно девојче.

- Реклама -