Кинa со рекорден увоз на руска сурова нафта во мај

Пекинг, 20 јуни 2022 (МИА) – Кинескиот увоз на сурова нафта од Русија во мај „скокна“ на рекордно ниво, а Саудиска Арабија го изгуби статусот главен кинески снабдувач.

Увозот на руска нафта, вклучувајќи ја и транспортираната со ЕСПО (нафтоводот Источен Сибир – Тихи Океан) и прекуокеанските пратки од руските европски и пристаништата на Далечниот Исток, изнесуваше во мај речиси 8.42 милиони тони, покажаа податоците на кинеската царина.

Тоа е околу 1.98 милиони барели дневно и повеќе од априлскиот дневен просек од 1.59 милиони барели.

Кинеските компании, вклучувајќи ги државната рафинерија Синопек и државниот Женхуа Оил, го зголемија купувањето руска нафта, привлечени од големите попусти, откако Западот воведе санкции против Русија.

Прочитајте и:  Кремљ: Смешно и апсурдно е да се обвинува Русија за оштетување на каблите во Балтичко Море

Царинските податоци објавени денеска покажаа и дека минатиот месец, Кина увезе 260.000 тони иранска сурова нафта.

- Реклама -